Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос се пласираа во второто коло на турнирот во Бризбејн во конкуренција на парови совладувајќи ги Ерлер и Миса со 6-4, 6-7 и 10-8.
Србинот и Австралијанецот уживаа на теренот, а прикажаа и извонредни потези давајќи дознаење дека хемијата им одговара и на двајцата.
A winning return 🙌@NickKyrgios gets the win on his return alongside @DjokerNole with a 6-4 6-7 10-8 victory over Erler/Mies pic.twitter.com/JPFDYnUCm1
— Tennis TV (@TennisTV) December 30, 2024
Шоуто продолжи и по крајот на мечот кога Србинот имаше интересна изјава давајќи до знаење дека се радува на соработката.
„Реков пред некој ден дека треба да биде задоволство тоа што ќе играм заедно со него и навистина беше така. Големо задоволство. Мило ми е што сум дел од неговиот камбек на теренот. Што тој ќе ми каже, јас го слушам“, изјави Србинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА