Шоу на Ѓоковиќ во Париз: Имитација на Иванишевиќ за забава на фановите (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ убаво се забавува подготвувајќи се за стартот на Ролан Гарос, на кој ја носи фаворитската улога откако Рафаел Надал поради повреда го откажа учеството.

Српскиот тенисер вчера го одработи и првиот тренинг по пристигнувањето во Париз, собирајќи голем број фанови на трибините.

Па, Ноле мораше да им се заблагодари на некој начин за присуството, овој пат со мало шоу имитирајќи го сервирањето на својот тренер Горан Иванишевиќ… На публиката и беше забавно, а дали му беше смешно и на Иванишевиќ не се знае…

Се вчитува...