„Шоу“ на Гризман за победа на Атлетико во Виго

Атлетико Мадрид оствари нова победа во Ла Лига, откако во Виго го совлада домашниот тим на Селта со убедливи 0-3. Патот кон победата им го отвори црвениот картон на Виљар уште во 25. минута и пенал кој им беше досуден, а кога гостите го дадоа првиот гол, веќе беше јасно кој ќе ги однесе бодовите.

Гризман во 29. минута го реализираше пеналот за предност. Истиот играч имаше свое шоу во Виго, и ги постигна и другите два гола. Вториот погодок Французинот го постигна во 64. минута, додека третиот за конечните 0-3 во 70. минута на асистенција на Молина. 

За Атлетико ова беше седмата победа во првенството, додека за Селта шестиот пораз, и тимот од Виго жестоко ќе се бори за опстанок и оваа сезона.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...