Џејмс Харден беше во главна улога на дуелот меѓу ЛА Клиперс и Детроит, што домашниот тим го доби со 123-115 токму благодарение на извонредното издание на својот поентер. Клиперси во тимот ги немаа Паулер, Ленард, Џонс џуниор и Симонс, што беше причина Харден почесто да ја има топката во своите раце. Тој знаеше како да го искористи тоа, постигнувајќи 50 поени за прекин на серија од три порази на ЛА Клиперс.
Ова беше прва „50-ка“ на кошаркар на ЛА Клиперс уште од Лу Вилијамс во јануари 2018 година, додека за Харден ова беше 24. натпревар во кој постигнува најмалку 50 поени. Со тоа, сега „брадата“ има само еден ваков меч помалку во однос на апсолутниот рекордер Коби Брајант со 25.
Милвоки ја продлабочи кризата на Далас, демолирајќи го овој противник со убедливи 137-107. Лилард имаше 34 поени, Адетокмубо оствари дабл-дабл од 32 поени и 15 скокови, додека Томпсон со 28 поени беше единствениот расположен за игра во таборот на Далас.
Никола Јокиќ и повреден настапи за Денвер на мечот со Сакраменто, со дабл-дабл од 22 поени и 15 скокови давајќи придонес во победата од 116-110. Српскиот центар беше трет стрелец на Денвер на оваа средба, зад Вестбрук со 25 и Мареј со 24 поени.
Резултати НБА:
Бостон – Портланд 128-118, Шарлот – Минесота 110-125, Кливленд – Мајами 112-107, Вашингтон – Јута 125-122, Милвоки – Далас 137-107, Денвер – Сакраменто 116-110, Мемфис – Оклахома 103-120, ЛА Клиперс – Детроит 123-115.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

