Шоу на Ибрахимовиќ: Два гола, провокации за навивачите на ЛА и Карлос Вела во „солзи“

Лос Анѓелес ФЦ и ЛА Галакси синоќаа одигра уште еден неверојатен дерби меч во МЛС лигата со шест голови. Во центарот на вниманието повторно беа Златан Ибрахимовиќ и Карлос Вела.

Повторно повеќе успех имаше шведскиот напаѓач кој постигна два гола во ремито од 3-3. Конечните 3-3 ги постави Карлос Вела во 53. минута, кој ниту овој пат не успеа да го надмине Ибрахимовиќ.

 

Вела од игра излезе во 61. минута што навистина го налути па ја фрли и капитенската лента бидејќи не сакаше да ја напушти играта.

 

Се вчитува...