Веднаш по церемонијата на која официјално се прости од активниот фудбал, Ибрахимовиќ пред соблекувалните на стадионот „Френдс арена“ се сретна со речиси сите српски репрезентативци.
Поголемиот дел од времето го поминуваше разговарајќи со играчите кои ги познава од италијанската Серија А: Душан Влаховиќ, Лука Јовиќ и браќата Милинковиќ-Савиќ, како и капитенот на Србија Душан Тадиќ.
Интересен беше и дијалогот со селекторот на Србија Драган Стојковиќ – Пикси, кој му се заблагодари за се што направи за фудбалот во текот на неговата играчка кариера.
Ибрахимовиќ потоа го праша Пикси: „Дали ти треба играч“, покажувајќи кон себе.
Тогаш легендарниот шведски фудбалер имаше порака за селекторот и репрезентацијата.
„Дисциплина! Само така се победува“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

