Шоу на Лилард и Адетокумпо во победата на Милвоки, нов одличен натпревар на Ембид

Милвоки им се врати на победите во НБА лигата откако забележа триумф од 135-141 против Деторит. До 29 победа во сезоната Бакс ги предводеа Дамиен Лилард и Јанис Адетокумпо со по 45 поени и 11 асистенции, односно 31 поен, 10 скокови и 9 асистенции, додека прво име кај Деторит беше Алек Буркс кој постигна 33 поени, 7 скокови и 6 асистенции.

Филаделфија ја продолжи победничката низа откако изминатата вечер славеше на гостувањето кај Шарлот со 89-97 на крилја на одличниот Џоел Ембид кој забележа нов дабл-дабл учиник.

Камерунскиот центар постигна 33 поени и 10 скокови на кои додаде и 5 асистенции. Кај Шарлот пак најрасположен беше Мајлс Бриџис кој и самиот оствари дабл-дабл учинок од 25 поени и 11 скокови.

Во останатите натпревари:

Вашингтон – Сан Антонио 127-131
Атланта – Кливленд 95-126
Њујорк  – Торонто 126-100
Чикаго – Мемфис 125-96
Хјустон – Јута 127-126
Минесота – Оклахома 97-102

Се вчитува...