Шоу на Лионел Меси во победата на Аргентина: Постигна три гола, и асистираше за уште два (ВИДЕО)

Во натпреварот од 10. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство, Аргентина славеше во Буенос Аирес против Боливија со 6:0, а дуелот го одбележа Лионел Меси. Капитенот на Гаучосите постигна три гола и намести уште два .

Тој најпрвин погоди во 19. минута за водство на својот тим, а потоа им асистираше на Лаутаро Мартинез (43′) и Хуан Алварез (45+3′) за вториот и третиот гол на својот тим.

Тиаго Алмадо (69′) беше автор на четвртиот гол, а потоа Меси одлично ја зачини со головите во 84 и 86 минута.

Тоа беше седма победа за Аргентина, со која се истакна на првото место со 22 бода.

Сигурна беше и селекцијата на Бразил, која со 4-0 ја совлада Перу со два гола од пенал кој ги постигна Рафиња, а потоа Переира и Енрике ја запечатија судбината на Перуанците.

Парагвај ја совлада Венецуела со 2-1, Уругвај одигра без голови против Еквадор.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...