Навивачката група „Лозари“ им приреди пиротехничко шоу на фудбалерите на Тиквеш пречекувајќи ги по триумфот (0-3) против Партизан Обршани. Фановите посакуваат по подолг период тимот од Кавадарци да се врати во елитното фудбалско друштво.
Тиквеш на гостински терен дојде до победа против Партизан Обршани со 0-3, со головите на капитенот Ѓорѓи Мојсов во првото полувреме и Ризов и Ташков во вториот дел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА