Шоу на Растодер за Тун: Гол и две асистенции за триумф над Грасхоперс

Елмин Растодер имаше свое шоу на гостувањето кај Грасхоперс во 20. коло од швацарската Супер-лига. Тој учествуваше во сите три гола во победата од 1-3 за „цврста“ прва позиција на табелата.

Растодер погоди уште во петата минута, а веќе во деветата минута асистира до Имери и Тун поведе со 0-2. Грасхоперс успеа да намали во 51. минута со автогол, но потоа Растодер во 69. минута запиша уште една асистенција за 1-3.

Македонскиот репрезентативец постигна и уште еден гол во 72. минута, но по асистенција на ВАР му беше поништен, откако беше заклучено дека се нашол во офсајд.

Се вчитува...