Шоу на Ромелу Лукаку: Четири гола за едно полувреме против Азербејџан

Квалификацискиот меч меѓу Белгија и Азербејџан (5-0) мина во знакот на Ромелу Лукаку, кој со четири гола се врати на врвот на листата на стрелци во овој квалификациски циклус на УЕФА.

Белгиецот одигра прво полувреме за паметење, за 37 минути успевајќи четири пати да ја смести топката во мрежата, негово најдобро полувреме во професионалната кариера. Конечните 5-0 во самиот финиш од натпреварот ги постави Тросар, а треба да се истакне дека Азербејџан од 24. минута (при резултат 1-0) настапуваше со играч помалку по исклучувањето на Исрафилов.

Шведска рутински славеше над Естонија со 2-0 со головите на Клаесон и на Форсберг, слаба утеха во катастрофалниот циклус на Швеѓаните кои го освоија само третото место во групата со десет бода во осум одиграни натпревари.

Се вчитува...