Извонредно шоу на трката за Големата награда на Формула 1 на Бразил со триумф на Макс Ферстапен.
Беше ова 21-та трка низ актуелниот шампионат, по која сега следат Лас Вегас и за крај Абу Даби. Трка која донесе вистински спектакл на крајот, но драма на почетокот пред се поврзана со баксузниот Леклер кој не успеа да издржи ниту круг од загревањето (хидаруликата му откажа) па мораше да се откаже уште пред стартот на трката.
На крајот триумф на Ферстапен, 17-та за него сезонава, второ место за Норис од Мекларен и „лудо“ трето место за Фернандо Алонсо од Астон Мартин.
Човекот кој уште пред еден месец ја обезбеди титулата можеби и овој пат на сите им покажа моќ, супериорно решавајќи ја и оваа трката, но шоуто овој пат ќе остане запаметено по дуелот меѓу Алонсо и Серхио Перез од Ред Бул на крајот. Буквално стотинки ги делеа на крајот, а и според „фото-финишот“ Алонсо за помалку од една секунда беше побрз на крај за третото место, а Перез мораше да се задоволи со четвртата позиција.
🔥 ALONSO – PEREZ, 0.053 SANİYELİK FİNİŞİ pic.twitter.com/TiSDLIhRTe
— Motorsport Türkiye (@motorsportcomtr) November 5, 2023
Alonso 🆚 Perez
It was this close on the line 🤯#F1 #BrazilGP pic.twitter.com/KrLWf4A0CY
— Formula 1 (@F1) November 5, 2023
На петтото место заврши Строл пред Саинц од Ферари и Жаслуи, а Хамилтон заврши на осмата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА