Се е подготвено за почетокот на Европското првенство што во следните триесет дена ќе се одржува во Германија, а ќе стартува со вечерашната пресметка на домашната репрезентација против селекцијата на Шкотска.
Во пресрет на големиот настан, УЕФА низ бројки го најави овој европски шампионат…
1 – Само една селекција ќе дебитира на европските шампионати летово – Грузија.
3 – Бројот на освоени титули на најтрофејните земји на европските шампионат, Германија и Шпанија имаат по три европски круни.
6 – Кристијано Роналдо ќе настапи на својот шести европски шампионат, со што Португалецот е рекордер. Ова ќе биде петто ЕП за Лука Модриќ и за Пепе.
10 – ЕВРО 2024 ќе се одржува во десет различни градови ширум Германија: Берлин, Келн, Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Гелзенкирхен, Хамбург, Лајпциг, Минхен и Штутгарт.
14 – За Германија и Шпанија ова ќе биде 14. настап на фудбалсите европски шампионати, најмногу од сите селекции на „стариот континент“.
26 – УЕФА го прифати барањето на селекторите, па бројот на пријавени фудбалери на секоја репрезентација се зголеми од 23 на 26 за овој шампионат.
40 – Бројот на златни медали што ќе ги добие победничката репрезентација на ЕВРО 2024. Исто така, поразените во финалето ќе добијат вкупно 40 сребрени медали.
71.000 – капацитетот на „Олимпијастадион“ во Берлин, арената каде ќе се игра големото финале закажано за 14 јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА