ТФТ стигна до историската победа во АБА2 првенството откако вчера во супердраматичен натпревар славеше против Подгорица по дополнителни пет минути. Црногорскиот состав беше подобриот противник во поголемиот дел од мечот, во последните десет минути влезе и со преднсот од 12 поени, но тогаш на сцена настапи Александар Костовски.
Поранешниот репрезентативец реализираше 18 поени во четвртата четвртина, а и ги разигра своите соиграчи па „црно-белите“ не само што успеаја да го вратат егалот, туку и да се изборат за екстра пет минути во кои мираната рака на 34-годишникот повторно беше пресудна во „пенал завршницата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА