Легендарниот Душан Вујошевиќ го доживеа првиот пораз на клупата на репрезентацијата на БиХ, на синоќешниот дуел од Македонија во „Борис Трајковски“ во рамките на „Трофеј Македонија“.
Темпераментниот стручњак си имаше посебно моменти во текот на мечот… Не се срамеше да се впушта во конфликт со судиите, притоа со упатени тешки зборови кон нив, а во еден момент и да ги „брка“ низ целиот терен за да се дообјасни… Секако за тоа заработи и техничка грешка.
Но, популарниот Дуле лесно се впушташе во вербален дуел и со своите кошаркари. Во рамките на неговото „шоу“ во Скопје се издвои и моментот кога Вујошевиќ го извади од игра младиот плејмејкер Амар Гегиќ а потоа дури го упати и кон соблекувалните, без можност за „помилување“ и да се врати назад на натпреварот…
Vujošević i Gegić by goloviliga
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА