Се е подготвено за големото финале од Копа Либертадорес меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс, кое ќе го даде новиот јужноамериканскиот првак по вечерашната пресметка на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Аргентинците неколку дена протестираа на ваквата одлука, а потоа почнаа да бараат „чаре“, како да се стигне до авионска карта и билет за мечот. Илјадници фанови во изминатите 48 часа пристигнаа во шпанскиот главен град и веќе го одбележаа „својот дел од територијата“, будно чуван од полициски сили за да не дојде до конфликт меѓу двете навивачки групи.
За денеска е најавено пристигнување на најмалку 20 чартер-летови од Буенос Аирес, се со цел што повеќе Аргентинци да бидат дел од овој спектакл, дури и во ситуација кога не се одржува во нивната земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА