На капитенот на шпанскиот прволигаш Лас Палмас, 28, Киријан Родригез му се врати ракот и повторно ќе оди на хемотерапија, објави во четвртокот клубот од Ла Лига.
Родригез пропушти поголем дел од сезоната 2022/23. кога Лас Палмас беше во шпанската втора лига, откако му беше дијагностициран Хочкинов лимфом, рак кој влијае на лимфниот систем.
„Вчера бев информиран дека ракот ми се врати. Ќе мора повторно да ја паузирам кариерата и да одам на уште една рунда хемотерапија за да се борам со болеста“, изјави Родригез на прес-конференција.
Родригез ја помина целата своја кариера во Лас Палмас, со 213 настапи, вклучувајќи 21 од 22 лигашки натпревари оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА