Шпанецот е чудо од дете: Алкараз испиша историја

Карлос Алкараз продолжува да покажува зошто важи за ново „чудо од дете“ во светскиот тенис откако Шпанецот со леснотија ги победува ривалите на АТП-турнирите.

Тој денеска обезбеди пласман во големото финале во Хамбург, откако во полуфиналната пресметка го совлада Алекс Молчан со 2-0 во сетови. Словакот даде достоен отпор само во првиот сет, а откако Алкараз го доби во тајбрејк, во вториот можеше да се проследи тотална доминација на шпанскиот тенисер, кој заслужено се пласираше во финалето.

Со овој резултат Алкараз обезбеди и влез во Топ 5 на наредната АТП-листа, со што стана најмлад тенисер кому ова му успеало во последните 17 години (Алкараз в понеделник ќе има 19 години, два месеци и 18 дена).

Се вчитува...