Лицитацијата за тоа кој ќе биде на кошаркарската клупа на Партизан по Жељко Обрадовиќ продолжува, а Жоан Пењароја е новото име во оптек.
Со привремениот тренер Мирко Оцокољиќ, Партизан оствари две победи: една во Евролигата и една во АБА лигата, а тој ќе го предводи тимот во вечното дерби од 15. коло во Евролигата.
Како што дознава Спортклуб, нема да има промени на клупата пред дуелот со Црвена Звезда, но по дербито, Пењароја наводно треба да биде промовиран во прв тренер на Партизан.
Шпанскиот тренер беше отпуштен од Барселона во ноември, а сега би можел да го преземе Партизан по заминувањето на Жељко Обрадовиќ.
„Информациите што ги доби нашиот портал од два одделни извори потврдуваат дека клубот и Пењароја се блиску до конечен договор и дека „нешто се случува“ зад сцената. Раководството на Партизан беше свесно дека по Обрадовиќ нема српски тренер кој, во сложена атмосфера и притисок од навивачите, би бил подготвен да го преземе тимот. Затоа потрагата беше насочена кон странство, а изборот беше стеснет на Пењароја“, пишува Спорт Клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

