Шпанецот се врати во Тотенхем, но нема долго да се задржи во Лондон

Шпанскиот лев бек Серхио Регилон ја заврши позајмицата во Манчестер Јунајтед, и се врати во Тотенхем. После само девет одиграни меча за тимот од „Олд Трафорд“, некогашниот играч на Реал Мадрид направи „кам-бек“ во Лондон, но таму ќе се задржи само неколку дена.

Тотенхем не смета на него оваа сезона, и затоа ќе го испрати на нова позајмица. Моментално најзагреан е тимот на Борусија Дортмунд, но Тотенхем бара гаранции дека ќе биде стандарден првотимец во таборот на „милионерите“. За Борусија Дортмунд опција е и Матисен од Челси за левата бековска позиција.

Регилон е дел од Тотенхем од 2020 година, а во последните две сезони и на позајмици: најпрво во Атлетико Мадрид, а сега и во Манчестер Јунајтед. Во минатото беше дел од Реал Мадрид, каде мина на позајмица и во Севиља, а токму „кралскиот клуб“ му е негов матичен тим.

Се вчитува...