Шпанецот Зубименди, прво засилување на Ливерпул во ерата на Арне Слот?

Ливерпул е единствениот англиски премиерлигаш без ново засилување во летниот преоден рок, но и тоа би требало наскоро да се смени. Новиот тренер Арне Слот побара време за да ги види на дело играчите што ги има на располагање, по што беше увидено дека позицијата последен играч за врска е најслаба точка во овој играчки состав на „црвените“.

Мартин Зубименди е фудбалерот кој е избра од Слот и од клупските директори како идеално засилување на „црвените“, по што веќе се стартувани и преговорите со Реал Сосиедад за трансферот на овој фудбалер на „Енфилд“. Зубаменди важи за одличен играч на својата позиција, впрочем тој влезе во игра на местото на повредениот Родри во финалето на ЕВРО 2024 и извонредно ја заврши задачата.

Во неговиот договор со Реал Сосиедад има клаузула од 60 милиони евра, но Ливерпул сака да ја намали оваа сума или во најдобар случај истата да биде поделена на неколку годишни рати. Баскијскиот клуб засега стои цврсто на ставот дека не го продава Зубименди под сумата во клаузулата, но останува да се види дали ситуацијата ќе се промени откако фудбалерот ќе ги договори личните услови и ќе побара зелено светло за преселба на „Енфилд“.

Се вчитува...