Шпанија без Јамал против Србија

Натпреварот меѓу Србија и Шпанија во Лигата на нации привлекува големо внимание, а шпанските медиуми открија некои детали за составот на европскиот шампион.

Како што пренесуваат медиумите на Пиринејскиот полуостров, селекторот на Шпанија Луис де ла Фуенте најверојатно ќе ја поштеди младата ѕвезда Ламин Јамал.

Иако неговата повреда не е сериозна, за очекување е мечот на стадионот „Рајко Митиќ“ да го започне од резервната клупа.

Јамал ​​на репрезентативниот собир дојде со повреден мускул, па беше направена магнетна резонанца.

„Ламине има само модринка на потколеницата и може да игра“, изјави Де Ла Фунете, но голема е веројатноста дека ќе го остави надвор од стартниот состав играчот на Барселона.

Се вчитува...