Шпанија е нов светски шампион до 19 години

Кошаркарската репрезентација на Шпанија е новиот светски шампион до 19 години откако во трилер-натпревар во финалето славеше над Франција по продолженија со 71-67 на мундијалот кој се играше во Унгарија.

Двете репрезентации одиграа еден тврд натпревар во кој ниту една од репрезентациите не успеа да се одлепи, а за возбудувањата да бидат уште поголеми победникот не успеа да биде решен по 40 минути, по кои резултатот на семафорот изнесуваше 63-63.

Taму подобро се снајдоа Шпанците кои стигнаа до конечен триумф од 71-67. Жорди Родригез со 18 поени беше најефикасен кај новиот шампион, додека кај сребрените Французи Мелвин Ажанса постигна 21 поен.

Претходно за трето место во малото финале Турција приреди вистинска сензација совладувајќи ги Соединетите Американски Држави со убедливи 84-70. Тан Јидизоглу со 20 поени беше прво име во Турција, додека кај поразените Харпер заврши со 15 поени.

Се вчитува...