Селекцијата на Шпанија е нов светски шампион во фудбал за жени откако „црвената фурија“ славеше во големото финале со 1-0 против селекција на Англија.
Ова е прв мундијалски пехар за Шпанките, кои доминираа во големи делови од мечот и на крајот заслужено стигнаа до титулата. Како пресуден се покажа погодокот на Олга Кармона постигнат уште во првото полувреме, кога оваа фудбалерка со прецизен удар од петнаесетина метри откосо ја смести топката во долниот агол од голот на Англија.
Репрезентативките на Англија зе обидоа да се вратат, но Шпанија ги имаше најубавите шанси во вториот дел, „црвената фурија“ не реализираше и пенал, но со дисциплинирана игра знаеше како да ја задржи минималната предност и да се искачи на врвот на светскиот женски фудбал.
GOAL !!!!
OLGA CARMONA
SPAIN 1 ENGLAND 0 pic.twitter.com/m2bWV3WdFC— Walker❤𓃵 (@Kofi__fofie) August 20, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

