Репрезентацијата на Шпанија е победник на Светското првенство за ракометари до 19 години што се одржа во Алжир. Во драматичното финале по две продолженија младите шпански ракометари ја победија Данска со 39-38, во регуларниот дел, натпреварот заврши нерешено 34-34.
Данците ги чинеше злато на СП играта со седум ракометари во нападот. Во последните секунди од натпреварот при резултат 38-38, ракометарите на Данска имаа напад за победа, но најдобриот голман на шампионатот, Хуан Мендез Ледо имаше уште една бравурозна одбрана на голот на Шпанија, а потоа Шпанците брзо поентираа на празниот гол на Данска и стигнаа до победа за шампионска титула.
Даниел Душебаев го постигна победничкиот гол за титулата и со вкупно со осум погодоци ја предводеше Шпанија до победа во финалето на СП. Во составот на Данска, МВП играчот на ова СП, Ласе Мелер постигна 11 гола со што ја освои и титулата најдобар стрелец на шампионатот со вкупно 76 погодоци на девет натпревари.
Младинската репрезентација на Шпанија која е и актуелен европски шампион во оваа категорија, со триумдот на СП во Алжир ги обедини двете најголемеми титули европски и светски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА