Шпанија експресно назначи наследник на Луис Енрике

Откако денеска се реши да се раздели со Луис Енрике, шпанската фудбалска федерација веднаш назначи негов наследник. Него ќе го наследи искусниот, 61-годишен Луис де ла Фуенте. Досега тој ја водеше младата репрезтанција и селекција до 23 години. Во минатото беше дел и од селекцијата до 19 година, а не може да се пофали со некое богато тренерско искуство. Ги водеше Алавес, Атлетик Билбао, Аурера и Португалете.

Енрике доби отказ откако Шпанија беше елиминирана во 1/8 финалето од Мароко на пенали на Мундијалот во Катар.

Него му замеруваа и претходно поради изборот на играчи, а Енрике се откажа да се откаже од поискусните, како што се Рамос и Де Хеа.

Се вчитува...