Шпанија – Германија состави: Де ла Фуенте без измени, Нагелсман со две нови имиња

Познати се составите на Германија и на Шпанија, со кои ќе го одиграат 1/4 финалниот меч во Штутгарт, по што ќе биде познат првиот полуфиналист.

Германскиот селектор Јулијан Нагелсман се одлучи повторно во нападот да стартува со Каи Хаверц. Се реши за две измени, односно во одбраната се враќа Џонатан Та на местото на Шлотербек кој играше минатата средба, а во средниот ред на местото на Андрих, сега ќе игра Емре Џан.

Така на голот на Германија е Нојер. Во одбраната Кимих, Та, Ридигер и Раум. Во средината Џан, Крос и Гиндоган, Мусиала и Сане по страничните позиции, и во нападот Хаверц.

Де ла Фуенте, шпанскиот селектор не менува ништо во однос на составот и формацијата како на претходните натпревари, и со Јамал, Вилијамс и Мората ќе ја нападне Германија. Во одбраната стандарно ќе играат Карвахал, Ле Норманд, Лапорт и Кукуреља, во средината со Родри, Педри и Фабијан Руиз. На голот стандарно е Унаи Симон.

Се вчитува...