Шпанија ги исфрли сите фрустрации против Словачка, Шведска ја испрати Полска дома (ВИДЕО)

Шпанија конечно одигра на нивото на ова Европско првенство откако во последниот натпревар од групата Е ја прегази Словачка со убедливи 5-0. Сепак, не почна се најдобро за Шпанците откако Мората не успеа да реализира пенал во 12. минута.

Голем малер е голманот на Словачка, Дубравка кој си постигна комичен автогол кој го отвори резултатот. Потоа следеа головите на Лапорт, Сарабија, Феран Торес и вториот автогол дело на Куцка за конечни 5-0 за „црвената-фурија“.

Во вториот натпревар од овој сегмент Шведска ја совлада Полска со 3-2. Швеѓаните водеа 2-0 со головите на Форсберг, но следуваше одговор на Полјаците со двата гола на Роберт Левандовски кои го внесоа натпреварот во неизвесна завршница. Сепак, Шведска со голот на Клаесон во 94. минута стигна до триумф и до првото место во Е сегментот.

Со овој триумф Шведска најверојатно во осминафиналето ќе игра против Украина, додека Шпанија како второпласирана ќе се сретне со Хрватска.

Головите од натпреварот Шпанија – Словачка можете да ги погледнете на следните линкови: линк1  линк2  линк3 линк4  линк5

Головите од натпреварот Шведска – Полска можете да ги погледнете на следните линкови: линк1  линк2  линк3  линк4 

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...