Шпанија го доби мега дуелот против Норвешка со 31-26 во четвртфиналето на Светското првенство во Египет. Клучно во натпреварот беше првото полувреме кое „шпанската фурија“ го одигра неверојатно и на пауза замина со предност од шест гола 21-15. Во вториот дел Норвежаните заиграа далеку подобро, но тоа не беше доволно за целосен пресврт, ако се земе фактот дека поради повреда не можеа да сметаат на својот најдобар ракометар Сандер Сагосен. Алекс Дујшебаев со 8 гола беше најдобар кај Шпанците, а одличен на голот беше и Коралес со 20 одбрани. Кај Норвешка Јендал заврши со шест.
Шведска помина лесно против аутсајдерот Катар добивајќи го со убедливи 35-23. Швеѓаните уште во првото полувреме ги решија сите дилеми и на пауза заминаа со предност од 14-10. Во вториот дел разликата само растеше за на крајот да се дојде до конечните 35-23. Хринц и Пелас со по осум гола беа најдобри во таборот на победникот, додека кај Катар Карол Марцо заврши со пет гола.
Полуфиналните двојки на СП во Египет се Данска – Шпанија и Франција – Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА