Шпанија го доби новиот Чави: Не е нормално со 17 години да игра вака (ВИДЕО)

Шпанија во плејофот од Лигата на Нации и го нанесе првиот пораз на Италија по 37 натпревари откако славеше на гостински терен со 2-1. Гостите поведоа преку Феран Торес во 17. минута, а откако Бонучи заработи црвен картон во 42. минута, Торес повторно стрелаше пред самиот крај на првото полувреме за 2-0. Утешниот гол за Италијанците го постигна Пелегрини во 83. минута од мечот.

Торес со двата погодоци беше првото име во натпреварот, а невеојатен натпревар одигра и Гави, 17-годишниот играч за врска на Барселона кој ја доби битката со неговиот идол, Марко Верати. Младиот Шпанец кој на овој натпревар стана и најмладиот репрезентативец на „црвената фурија“ во историјата блескаше на теренот, а по мечот селекторот Луис Енрике имаше само пофални зборови.

„Уште во младите категории можевме да видиме што добиваме со Гави. Тој носи храброст, карактер и неверојатни фудбалски вештини. Го маркираше својот идол Верати и одигра фантастично. Подготвен е за ова ниво на фудбал. Ова беше одличен прв натпревар за него. Не е нормално со 17 години да игра толку добро. Има карактер, одлични физикалии, го разбира нашиот стил на игра. Јасно е дека не е иднината на нашата репрезентација, туку нашата сегашност“, изјави шпанскиот стратег.

Гави со неполни 15 години влезе во У16 селекцијата на Шпанија, а претходното лето беше префрлен во У19 тимот прескокнувајќи една цела категорија. Притоа тој веќе го запиша и своето деби за Барселона на мечот против Гетафе.

Се вчитува...