Шпанија го доби „трилер дербито“ со Италија, Грузија останува во игра за СП

Кошаркарите на Шпанија славеа на гостински терен против Италија во трилерот по продолженија со 84-88 во дерби натпреварот од 9. коло во групата Л од европските квалификации за пласман на Светското првенство 2023 година. Двата тима одиграа еден крајно израмнет натпревар во кој по четириесет минути не добивме победник (70-70), па мечот замина во продолженија. Таму подобро се снајдоа Шпанците за конечен триумф од 84-88. Хаиме Фернандез со 28 поени беше убедливо прво име во таборот на победникот, додека кај домаќините Нико Манион заврши со 20 поени.

Во вториот натпревар од овој сегмент од вечерната понуда Грузија успеа да слави на гостувањето кај Исланд со 85-88 и со тоа да ги задржи шансите за пласман на Мундобаскетот. Грузијците одлично го отворија натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 17-26, а до крајот на мечот успеаја да го задржат водството и на крајот да стигнат до конечен триумф од 85-88.

Искусниот Шенгелија со 26 поени беше убедливо најдобар поединец на натпреварот, додека кај поразените Фридриксон заврши со 19 поени.

РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ СП 9. КОЛО: 

Чешка – Црна Гора 56-65

Литванија – Франција 65-90

Грција – Летонија 60-80

Естонија – Шведска 82-87

Холандија – Украина 77-96

Германија – Финска 94-80

Турција – Белгија 86-52

Босна и Херцеговина – Унгарија 83-78

Велика Британија – Србија 68-74

Исланд – Грузија 85-88

Италија – Шпанија


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...