Шпанија го освои бронзениот медал на Европското првенство во футсал

Репрезентацијата на Шпанија е освојувач на бронзениот медал на Европското првенство во футсал. „Црвената-фурија“ во малото финале без поголеми проблеми славеше над Украина со 4-1.

Меладо во 11. минута донесе водство за Шпанците, додека во 17. Украинците преку Черниавски израмнија на 1-1. Сепак, само минута подоцна „фуријата“ стигна до ново водство со голот на Солано во 18. минута. Во вториот дел победата беше само потврдена со головите на Бојис во 31. и Адолфо 32. минута.

Финалето во кое ќе се сретнат Португалија и Русија е закажано за 17.30 часот.

Се вчитува...