Шпанија е нов првак во Дејвис-купот, откако „црвената фурија“ во големото финале славеше над селекцијата на Канада. Рафаел Надал ги водеше Шпанците во текот на целото натпреварување, но најголемите пофалби во денешното финале заминуваат на адреса на Роберто Баутиста Агут.
Тој поради смртта на татко му пред три дена го напушти националниот тим, но Баутиста Агут реши да се врати и да помогне во големото финале, отворајќи со триумф над Алиасиме од 2-0 во сетови.
Потоа на сцена стапи Надал, кој во фантастичен дуел славеше над Шаповалов со 2-0. Најдобриот шпански тенисер го доби првиот сет со 6-3, а потоа во вториот триумфираше во тајбрејкот со 9-7, за искачување на Шпанија на тронот на Дејвис-купот во премиерното издание во нов формат на ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА