Шпанија го промовираше Де ла Фуенте: За Рамос вратата е отворена, сакам Бускетс да продолжи да игра

Шпанската фудбалска федерација го промовираше Луис Де ла Фуенте за нов селектор на националниот тим. После елиминацијата на „фуријата“ од Мароко во 1/8 финалето во Катар, Луис Енрике доби отказ од националниот тим на Шпанија, и Шпанците веднаш му најдоа наслендик.

Де ла Фуенте работел во младинските категории на Шпанија, и сега ја добива довербата да ја води сениорската репрезентација. Веднаш следуваше прашање дали за Рамос дефинитивно е затворена вратата во националниот тим.

„Сите фудбалери имаат отворени врати. Ги следиме сите играчи“, рече Де Ла Фуенте, и кажа дека е среќен што Бускетс се одлучи и понатаму да игра а националниот тиом.

„Има уште многу да понуди за шпанскиот фудбал и јас сум среќен што сака да продолжи. Дали ќе биде дел од селекцијата или не, ќе одлучи тој самиот“, изјави Де Ла Фуенте.

Околу елиминацијата на Шпанија на пенали од Мароко, тој коментираше:

„Мојата филозофија е дека се може да се тренира, па дури и пеналите. Само да кажам дека не е исто кога изведувате пенал при 5-0, и пенал кој треба да биде решавачки. Не е секој способен да шутира пенали. Само оние кои се храбри, успеваат“, рече новиот селектор на Шпанија.

Се вчитува...