Шпанија го сака Мундијалот во 2030 година, или ЕП две години порано

Шпанската фудбалска федерација (ФЕФ) ќе се кандидира за организација на Светското првенство во 2030 година или за Европското првенство кое ќе се одржи две години претходно. Оваа идеја била разгледана на состанокот меѓу премиерот Педро Санчез, претседателот на ФЕФ, Луис Рубиолес и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Мундијалот во 2030 година е првата цел на Шпанија, а има две опции. Едната е преку самостојна кандидатура, а другата е да биде ко-организатор заедно со Португалија и со Мароко.

Шпанија беше домаќин на Мундијалот во 1982 година.

Се вчитува...