Репрезентацијата на Шпанија е нов европски шампион во ватерполо откако вечерва во финалето во трилер натпревар славеше над домаќиниот на првенството Хрватска со 11-10.
Хрватите и тоа како треба да жалат за поразот бидејќи до влезот во последниот период имаа предност од 8-10. Сепак, таму Шпанците одиграа неверојатно во одбраната каде не му дозволија ниту еден гол на противникот и на крајот успеаја да стигнат до целосен пресврт и конечен триумф од 11-10.
Претходно во мечот за третото место на шампионатот Италија славеше над Унгарија со 12-7.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

