Шпанија и Португалија со заедничка кандидатура за СП 2030

Шпанија и Португалија потврдија дека ќе поднесат заедничка кандидатура за организација на Светското првенство во 2030 година. Воочи контролниот меч во Лисабон, кој се играше вчера и заврши без победник 0-0 двете федерации го ратификувале споразумот за заедничка организација.

„Нашиот споразум значи важен чекор за овој заеднички проект на двете федерации, но и на двете земји“, изјави претседателот на Шпанската федерација Луис Рубиалес. 

Катар е следниот домаќин на Светските првенства 2022 година, додека Канада, САД и Мексико ќе го организираат Мундијалот во 2026 година.

 

Се вчитува...