Шпанија и Шведска без грешка во следната фаза, Португалија ја совлада Унгарија

Шпанија и Шведска ја потврдија првата позиција во своите групи на Светското првенство 2023 откако без проблеми стигнаа и до третата победа. Шпанците беа подобри од Иран славејќи со 22-35, додека Швеѓаните го добија Уругвај со 12-47.

Од групата „А“ заедно со Шпанија во следната фаза патуваат Црна Гора и Иран, додека Чиле со три порази заминува дома. Од групата „Ц“ на Швеѓаните им се приклучија Бразил и Зеленотрски острови, додека патникот дома е Уругвај.

Португалија во следната фаза влегува од втората позиција на табелата „Д“ откако славеше против Унгарија со 27-20. Португалците успеаја да стигнат до предност од седум гола на полувремето, а потоа и да ја задржат предноста во второто полувреме за мирен финиш.

Од истата група Унгарија во следната фаза влегува од третото место, а Исланд од првото. Јужна Кореја со три порази заминува дома.

Се вчитува...