Фудбалската репрезентација на Шпанија е четвртиот учесник во четвртфиналето на Европското првенство во Германија, откако вечерва во Келн славеше над дебитантот на шампионатот Грузија со 4-1.
Грузијците по својата прва шанса по одлично истрчена контра поведоа со 0-1 со автоголот на Ле Норманд. До крајот на првиот дел Шпанија успеа да израмни на 1-1 преку Родри во 39. минута.
Целосен пресврт и водство за Шпанците носи Фабијан Руиз во 51. минута по големата грешка на одбраната на Грузија која заспа. На 3-1 со прекрасна соло акција зголеми Нико Вилијамс во 75. минута, додека конечните 4-1 беа дело на Олмо во 83. минута. Шпанија во четвртфиналето за противник ќе го има домаќинот Германија.
Spain [3] – 1 Georgia – Nico Williams 75′
byu/PSGAcademy insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА