Шпанија „украде“ холандски талент кој е дел од Јувентус

Шпанија ќе направи се да му даде државјанство и да го натера фудбалерот на Јувентус, Дин Хајсен да игра за нивната земја. Хајсен во моментов е на позајмица во Рома.

Медиумите во оваа земја јавуваат дека 18-годишниот дефанзивец ќе добие шпанско државјанство, откако од својата петта година живее во оваа земја, иако е роден во Холандија. Хајсен има натпревари за селекцијата до 19 години на „лалињата“, меѓутоа еќе 13 години живее во Шпанија, најпрво во Марбела, па во Малага, а во 2023 година се пресели во Јувентус.

Оваа ситуација ја искористи Шпанија која што го натулаизираше, но сега одлуката паѓа на Хајсен дали ќе прфати да игра за Шпанија. Најверојатно ќе добие повик за селекцијата до 21 година за „Фуријата“ во март.

Хајсен беше позајмен во Рома на барање на Жозе Мурињо. И под водство на Даниеле Де Роси добива минутажа, а постигна гол во победата над Фросиноне на гостински терен викендов.

Се вчитува...