Бранителот на европскиот ракометен трон, селекцијата на Шпанија забележа нова, трета победа во главната натпреварувачка фаза од континеталниот шампионат. Со одлично второ полувреме Шпанциде додјдоа до триумфот од 37-28 против составот на Белорусија. По воведните 30 минути „фуријата“ имаше само еден гол позитива, 17-16.
Анхел Фернандес и Феран Соле со по седум гола беа нејефикасни во шпанскиот тим, Хорхе Македа постигна шест гола. Гонзало Перез Де Варгас со 16 обрани беше одличен на голот на Шпанија и го доби признанието за играч на натпреварот.
Сега Шпанците имаат идентични осум бода со Хрватска на врвот на табелата во групата 1. Овие две селекции в среда ќе играат меѓусебе во дербито на оваа фаза на шампионатот и ќе го одредат освојувачот на првото место во оваа конкуренција кој во полуфиналето ќе вкрсти со втортопласираниот од другата група.
Последниот натпревар од третото коло во групата 1 вечерва ќе го одиграат репрезентациите на Германија и на Австрија. Во него двете селекции влегуваат со по два бода и се борат за третата позиција која носи разигрување за петтото место во конечниот пласман на првненството. Белорусија во последното коло ќе игра против домаќинот Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА