Шпанија му го продолжи договорот на селекторот Де ла Фуенте

Шпанската фудбалска федерација ја активираше клаузулата за продолжување на договорот на селекторот Луис де ла Фуенте до Мундијалот 2026 година. Тоа значи дека сегашниот селектор ќе ја води репрезентацијата на следното СП кое ќе се одржи во Мексико, САД и Канада.

Де ла Фуенте ја презеде Шпанија по неуспехот во Катар 2022 година од Луис Енрике. Тој ги водеше селекциите до 23, 21 и 19 години.

„Управниот одбор верува дека обновувањето на договорот со Де ла Фуенте е неопходен чекор за националниот тим и институцијата што управува со фудбалот во Шпанија. Тоа обезбедува стабилност на селекцијата во подготовките за Европското првенство“, стои во соопштението на Шпанската фудбалска централа.

Се вчитува...