Фудбалската репрезентација на Шпанија успеа преку Марко Асенсио да обезбеди билет за пласман во големото финале против Бразил. „Црвената фурија“ во еден на лик идентичен натпревар како што го имаше и Бразил, по одиграните 0-0 во регуларните 90. минути, победникот го реши во продолженијата од 15. минути.
Во поголемиот дел од натпреварот доминираше Шпанија, но без преголеми шанси за гол. Фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио успеа да биде прецизен во 115. минута од овој двобој, а овој гол се покажа сосема доволен за голема победа и пласман во финалето на ЛОИ.
Токио го закажа ова финале за точно четири дена, па останува да видиме во сабота кој ќе биде подобар во дуелот меѓу „црвената фурија“ и „кариоките“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА