Шпанија е новиот европски првак во кошарка во женска конкуренција, откако „црвената фурија“ во голем стил се искачи на тронот на шампионатот што се одржуваше во Чешка. откако вчера во полуфиналето ја декласираше Белгија, Шпанија беше убедлива и на вечерашното финале против Франција, славејќи со резултат 71-55.
Цврстата одбрана беше главна одлика на Шпанките и во ова финале, па откако во првата четвртина примија 18 поени, новите европски шампионки во преостанатите 30 минути примија само 37 поени (помалку од 13 по четвртина) од инаку одличниот офанзивен француски состав. Шпанија прикажа најмногу на овој шампионат и заслужено се искачи на врвот, а најефикасни во вечерашното финале беа Литл со 19 и Торенс со 18 поени.
Бронзениот медал од овој шампионат заврши кај Белгија, откако оваа селекција во малото финале ја декласираше Грција со 78-45.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА