Шпанската репрезентација ќе игра со подмладен состав на претстојниот Евробаскет, што засега се одразува на резултатите од оваа селекција за време на подготовките.
Последниот пораз што Шпанците го доживеаа синоќа во Келн беше против Германија со 17 поени разлика, односно 95:78 , но по натпреварот, селекторот на Шпанија, Серхио Скариоло, не изгледаше загрижен.
„Не играме лошо, но тоа е малку индивидуален проблем. Има играчи кои имале малку тренинг и други кои пропуштиле многу денови тренинг. Малку по малку, подобро ги разбираме улогите на секој играч и ќе ги усовршуваме во преостанатите денови. И, секако, сега ќе мораме повеќе да се фокусираме на техничките и тактичките одлуки“, вели Скариоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

