Шпанија ќе биде уште посилна за вечерашната пресметка со Македонија откако селекторот Жорди Рибера реши во составот да го вклучи и својот капитен Раул Ентрериос. Плејмејкерот на Барселона се жалеше на незгодна повреда во текот на подготовките, но успеа да се рехабилитира навреме и да го убеди стручниот штаб дека е максимално подготвен за деби на овој мундијал.
„Иако делуваше „отпишано“ пред десетина дена, Раул Ентрериос против Македонија ќе го има своето деби на СП во Франција. Капитенот тренираше без проблеми во последните денови, па по синоќешниот тренинг беше донесена и одлуката тој да се појави на теренот против Македонија“ – објави весникот „Ел Мундо Депортиво“ во своето денешно издание.
За очекување е Ентрериос да одигра двесетина минути против Македонија, како би влегол во натпреварувачки ритам за најважниот дуел на Шпанија во Мец, утрешната пресметка со Словенија која ќе значи и директна битка за првото место во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА