Шпанија е третиот полуфиналист во Лигата на Нации, откако „фуријата“ после пенали ја елиминираше Холандија. Регуларниот дел заврши 2-2, а и после продолженијата беше 3-3, па се прејде на изведување на пенали. Херој во пенал серијата беше Унаи Симон кој му го одбрани ударот на Мален во шестата серија, а потоа Педри даде гол за голема радост на Шпанците.
Ојарзабал во 8. минута од пенал донесе предност, па Депај исто така од пенал во 54. минута израмни. Ојарзабал од игра во 67. минута донесе нова предност, за Матсен истата да ја анулира.
Големиот талент Јамал во 103 минута донесе нова предност за Шпанците, но не се предаде Холандија, па Симонс од пенал во 109 минута донесе трето израмнување.
Во пенал серијата првите три изведувачи беа сигурни, па Ланг и Јамал во четвртата серија промашија. Во шестата Унаи Симон му го одбрани ударот на Мален, а Педри погоди и ја однесе Шпанија на Ф4 во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА