Женските ракометни репрезентации на Шпанија и на Холандија, одиграа нерешено 29:29 во натпреварот во групата „2“ на ЕП за жени. Ова беше прво реми на двете селекции, и резултат од кои и двете селекции не можат да бидат задоволни, со оглед дека Франција и Црна Гора имаат максимален учинок досега а играат меѓусебно вечерва.
Шпанија нешто подобро го почна натпреварот, и во еден миг имаше и предност од шест голови разлика, но на крајот Холанѓанките успеаја да стигнат и на полувреме да заминат со само два негатива.
Во вториот дел Холандија одлично почна и дури имаше и водство неколку пари, па и во финишот, но Шпанија на крајот мораше да даде гол за да се спаси од пораз, и тоа го стори, доагајќи до еден бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА