Шпанија против Албанија со резервен состав

Шпанија вечерва од 21 часот ќе игра против Албанија во третото коло на Европското првенство. Шпанците ја освоија групата пред Италија, Хрватска и Албанија, па вечерва можат да играат растеретено. Албанија ќе бара победа за да има шанса да се пласира во осминафиналето. Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте, според најавите, вечерва целосно ќе го ротира составот.

УЕФА најави дека Шпанија без Ламал, Вилијамс, Мората, Педри, Родри, како и без првиот голман Унаи Симон, ќе го почне овој меч. Селекторот Де ла Фуенте најави дека без разлика кој ќе истрча на теренот, неговата селекција ќе оди на победа.

„Албанија има фантастични навивачи и веќе направи изненадување. Знаеме дека ќе ни биде тешко. Ќе направиме промени и сметаме дека е правилно. Имаме целосна доверба во нашите 26 играчи кои се во националниот тим. Секој има шанса да играме овде на високо ниво, така што јас сум целосно смирен за тоа, ние сме заинтересирани само за победа, бидејќи сакаме да победиме на секој натпревар“, рече шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте.

Се вчитува...