Шпанија е првата репрезентација што обезбеди место во полуфиналето од ЕП за млади играчи откако „црвената фурија“ вечерва славеше над Португалија со 3-1. По убедливата победа над Македонија, Шпанците одиграа уште еден беспрекорен натпревар во кој знаеја да си ги искористат шансите и на крајот заслужено да стигнат до цел плен.
Слично како и на дуелот со Македонија, Шпанците во првите десетина минути целосно му ја препуштија контролата на противникот. Мора да се истакне дека „фуријата“ имаше и доста среќа бидејќи обидот на Поденсе заврши само во дирекот на Кепа. Резултатот исто како и три дена претходно го отвори Саул Нигез, членоот на Атлетико Мадрид тргна во дриблинг, маестрално се ослободи од неколку противники фудбалери, за потоа со силен и прецизен удар од далечина да го совлада португалскиот голман.
На 2-0 во второто полувреме зголеми Сандро Рамирез на асистенција на Деулофеу, а Португалија до крајот успеа само да го ублажи поразот со евроголот на Брума, кој со волеј удар од над 20 метри ја затресе мрежата на Шпанија. Конечните 3-1 во 93. минута ги постави нововлезениот Инаки Вилијамс, гол со кој фудбалерот на Атлетик Билбао само го потврди раскошниот талент и голгетерскиот инсинкт што го поседува.
„Црвената фурија“ со две победи веќе си го обезбеди првото место и пласманот во полуфиналето, додека на Португалија и останува да брка триумф над Македонија, па да се надева на место во Топ 4 како најдобра второпласирана селекција.
Saúl Ñíguez GOAL HD Portugal U21 0-1 Spain U21… by claytonashurst
0-2 Sandro Ramirez Goal HD – Portugal U21 vs… by claytonashurst
1-2 Bruma AMAZING Goal – Portugal U21 1-2 Spain… by GSBN
1-3 Inaki Williams Goal HD – Portugal U21 vs… by wc2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА